ЕкономијаМакедонијаНовости

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари – колку „тежи“ минималната кошничка?

   Време за читање помалку од минута

Минималната синдикална кошница во мај изнесувала 49.025 денари.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), велат дека 19.532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.196,9 денари за хигиена, 3.720,1 за превоз, 2.315,759 за облека и обувки, 1.067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44.047,52 денари.

„Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.024,89 денари“, додаваат од ССМ.

Објаснуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари.