Земјоделци најавуваат генерален штрајк ако не добијат гарантирана откупна цена
Мрежата на индивидуални земјоделци достави три барања до Министерството за земјоделие, 20 денари гарантирана откупна цена за килограм пченица, враќање на субвенциите за оризов семенски материјал и однапред утврдени откупни цени за сите земјоделски производи.
– Производна цена, заштитна и економски оправдана цена. Доколку тие барања не ги исполнат ние ќе стапеме во генерален штрајк. Ќе им дадеме рок од седум дена. Овој пат нема да одеме во Скопје, да дојдат овде и да се договориме – изјави Здравко Арсов, Национална мрежа на индивидуални земјоделци.
Од Институтот за земјоделство побарале да ја утврдат овогодинешната производна цена на пченицата и јачменот, што треба да стане пракса и правило пред секоја сеидба, за да може земјоделецот однапред да калкулира дали е рентабилно да работи или не.
– Наместо да не стимулираат, тие не дестимулират. Ќе ги напуштеме нивите, нема што да сееме. Дали е пченица, пченка или лозови насади, сите сме во исти кош ставени – додаде Арсов.
Кон крајот на жетвата на јачменот, откупната цена е преполовена во споредба со минатата година. Слична е состојбата и со лебното зрно, кое наместо во откупните центри, се одлага по амбарите.
- Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата - 20/01/2025
- Вработените на Nvidia стануваат мулти-милионери: Колку тоа го чини приватниот живот? - 20/01/2025
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025