ЕкономијаСветот на работникот

Зошто и покрај високите плати, работниците даваат отказ од работа?

Високата плата не може да реши се. На вработените повеќе од кога и да било важна им е атмосферата на работа, колку се почитувани и дали се во добро менатално здравје.

Ако сакате да ги сочувате работниците, што посебно сега, сред недосигот на работна сила, на сите им е цел, тогаш овој текст би можел да биде за вас, пишува TelegrafBiznis.rs.

Работодавачите понекогаш мислат дека високата плата „решава се“. Сепак излегло дека тоа не е точно.

Менаџерите понекогаш се запрашуваат зошто им заминуваат дури и најдобрите работници, кога „имаат врвни улови, плати над просекот, постојан работен однос, годишен одмор според план“.

Ова се некои од причините

Сколни сте кон тоа добро платените работници да ги „затрупувате“ со работа? Доаѓа момент кога тие сфаќаат дека високата плата не е вреди колку нивното здравје и согорувањето на работното место. Поради тоа често се откажуваат. Форсирањето на работниците во главно е контрапродуктивно на долгорочен план – му наштетува на самиот работодавач. Истражувањата покажале дека продуктивноста во работата опаѓа ако се работи повеќе од 50 часа неделно.

Секој вработен сака да слушне добар збор, да добие пофалба или награда за придонесот којшто го направил за фирмата. Доколку тоа изостане или ако работниците премногу ги земате „здраво за готово“ – многу е можно да побараат друга работа. Потрудете се повеќе да водите сметка за своите вработени.

Важно е да ги уважите приватните обврски на вашите работници, но и да ги исполнувате дадените ветувања. Ако дадениот збор се занемари, работниците добиваат впечаток дека не ги почитувате и дека тешко ќе напредуваат на даденото работно место. Исто така, имаат лошо чувство поврзано со работата и фирмата во која работат ако видат дека се промовираат луѓе кои тој вид на напредување „не го заслужуваат“.

И покрај тоа, работниците неретко се одлучуваат за отказ ако им се слаби шансите за унапредување на знаењата и вештините. Ова посебно се однесува на најталентираниот кадар, кој тежнее кон поголеми цели, има желба за учење, за нови предизвици и идеи.

Извор: TelegrafBiznis

Фото: Shutterstock