НовостиСветот на работникот

Зошто ова лето Ви се потребни млади за пракса?

   Време за читање 1 минута

Малите бизнис можат да имаат многу бенефити од приправничката работа во текот на летото, тврдат експертите за кариера.

„Приправничките програми им овозможуваат на малите бизниси да ја прошират својата работна сила, додека од друга страна, приправниците добиваат можност да учат низ работа“, вели Џил Чапман, директорка на младинската талент програма во тексашката компанија „Insperity“.

Како што појаснува за Fox Business, приправниците ги развиваат своите вештини низ повратни информации, со оглед на тоа дека нивната работа ќе бара надзор од постарите колеги.

„Приправничките програми ги спојуваат луѓето од различни генерации и потекла, промовираат размена на перспективи и идеи, што е win/win ситуација за сите вклучени. Вработените можат да имаат корист гледајќи ја својата работа низ свежите очи на приправниците, додека приправниците можат за првпат да ја искусат деловната култура“, додава таа.

Исто така, приправничката програма е идеална и кога станува збор за откривање на таленти.

Една финансиска куќа нагласува дека и приправниците носат ентузијазам и енергија, во годината која веќе заминува.

„Летните приправници сакаат да остават впечаток, да заработат препораки и да го развијат CV – то“, рекол Дерек Елингтон пред банкарското претпријатие.

Уште ден бенефит, нагласува тој, е што приправниците можат да го намалат типичното работно опкружување на вашите вработени и да го ублажат потенцијалното „согорување“ во летните месеци.

Како е во Македонија по ова прашање?

Во Македонија постојат одредени компании кои нудат летна пракса, иако концептот на истата не е многу познат. Пример за компанија која нуди ваков вид на пракса е Пивара – Скопје.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock