- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаПравда

Извршители симнале 25 милиони евра од сметки на граѓаните во кризната година, над 120 милиони од сите должници

1.28Kviews

Беше пандемиска, а по многу карактеристики и лоша економска година, но граѓаните и фирмите должници, па и државата се соочија со извршителските постапки, освен во месеците кога извршувањето беше запрено. За цела 2020 година, сите извршители во државата наплатиле вкупно над 123 милиони евра – сума која е речиси идентична на таа од 2019 година, кога немаше прекинување на извршувањето. Од оваа сума најголем дел од парите се наплатени од фирмите, а тие се и така најпогодени од кризата. Од фирми должници повлечени се над 89 милиони евра, од државата, безмалку 9,5 милиони евра, а дури околу 25 милиони евра се пари кои се симнати од сметките на граѓаните за долгови по основ на извршни решенија кон различни должници. Тоа што извршувањето беше запрено не значеше и простување на сумата, само пролонгирање на повлекувањето на парите. За одложените рати потоа граѓаните плаќаат и камата.

Повеќе на Фактор.мк 

Advertisement

Advertisement