- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Индустријата на игри на среќа вработува повеќе од 10.000 луѓе

Индустријата на игри на среќа вработува - Работник
898views

Повеќе од 10.000 вработени во индустријата на игри на среќа, обезбедуваат уште по седум работни места во другите економски гранки, па оваа индустрија на забава поддржува околу 70.000 работни места. Земајќи ги предвид членовите на семејствата, речиси 10% од населението во Македонија директно и индиректно живее од оваа индустрија.

Познато е дека со своето работење легалните приредувачи поддржуваат и бројни компании од другите економски гранки и на тој начин позитивно влијаат на домашната економија. Оваа индустрија е мамка и за бројни туристи кои сакаат да ја испробаат својата среќа во казино, задоволни се со услугата и врвната понуда на игри на среќа кои се нудат во земјава, па затоа се стравува дека било какво ограничување на работата на приредувачите сериозно би влијаело и на туризмот.

Повеќе на Плусинфо.мк

Advertisement