ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Инфинум ги отвори вратите на новата македонска канцеларија со најавени 100 вработувања

Хрватскиот технолошки лидер отвори нова канцеларија во Скопје каде што планира да ја пренесе својата култура на повеќекратно наградуван работодавач, како и едукативни иницијативи за зајакнување на локалната ИТ-заедница

Хрватски Инфинум, познат по развивање дигитални производи за глобалниот пазар, го одбележа отворањето на нова канцеларија во центарот на Скопје. По преземањето на македонската агенција 3П Девелопмент кон крајот на минатата година, во новата канцеларија во Бизнис центарот „Настел“ сега работат триесетина експерти. Тие се дел од тимот од 350 професионалци, кои создаваат иновативни дигитални решенија за познати светски брендови како Philips, Nike, Samsung и Porsche во седум канцеларии низ целиот свет.

Пред да отвори канцеларија во Скопје, хрватската технолошка компанија го прошири својот бизнис и на други локации: Подгорица, Лондон и Њујорк. Исто како и нејзините наградувани претходници, македонската канцеларија плени со својот изглед, функционалност и дизајн.

Што се однесува до плановите на Инфинум во Македонија, главниот фокус се нови вработувања и проширување на тимот.