Исповед на вработена во кол-центар: Замислете секој ден да одите на работа, а некој ви посакува да ве „ИЗЕДЕ БОЛЕСТ“
31 – годишната А.Џ. од Србија, која со години работи во кол центар во секторот на корисничката поддршка, односно одобрување на медицинска помош во рамките на платен пакет на осигурување, во исповед за Republika.rs открила колку луѓето се несвесни за своето однесување и непоколебливи да го добијат она што не им припаѓа.
„Луѓето кои се јавуваат немаат чувство дека ‘на другата страна на линијата’ е личност која е нечија ќерка, другарка, мајка и дека во 90 % од случаите може да им биде дете по годините, туку се однесуваат како да сме вреќа за удирање. Тука, секако, се разните закани, речиси секојдневните тужби, а потоа и молби бидејќи осигурувањето нема ништо да покрие“, ја започнува својата приказна соговорничката на српскиот портал.
Како што истакнува, најчест проблем е што корисниците не можат да сфатат дека има работи кои не им се договорени со полисата, поради што своето незадоволство го истураат врз вработените кои немаат врска со тоа.
Повеќе прочитајте на Republika.rs
Фото: Shutterstock