И СДСМ ја зголемуваше минималната плата, па изгуби најдрастично во историјата, вели претставникот на газдите, Ангел Димитров
Време за читање помалку од минута
Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека и претходната Влада на СДСМ драстично ја зголемувала минималната плата, но на крајот изгубила најдрастично во историјата.
Според него, искуството не покажува дека тоа е шанса за успех на избори.
„Претходната влада ја покачија веднаш платата од 10 на 12 илјади денари, па од 12 на 15 илјади денари, па од 15 на 18 илјади денари. Ја качија драстично минималната плата, но на крајот на краиштата изгубија најдрастично во историјата на Социјалдемократскиот сојуз, што значи дека не се решаваат проблемите во државата само со пораст на минималната плата“, рече Димитров.
Latest posts by Редакција (see all)
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025