Светот на работникот

Каде работниците подобро се однесуваат – На работното место или на работа од дома?

Многу шефови како едвај да дочекаа да поминат периодот на коронавирусот и мерките за заштита, само за да ги вратат работниците во канцелариите. Велат дека на тој начин можат подобро да ги „следат и држат под надзор“.

Поголемиот дел од тие лидери се уверени деак токму работата во канцеларија е „местото на почитување и етичко однесување“ на вработените, додека во работата на далечина (од дома), наводно, владее безаконие.

Тешко е да се каже дали тоа е точно, бидејќи злоупотреби може да има и на двете места. Иако, традиционално, веруваме дека канцелариите се места каде работниците се однесуваат според правилата, што не е секогаш случај. Ако ги изземеме празничните забави и повремените „лудувања“ на работа, и во канцелариите, како и дома, може да се најдат луѓе кои „фаќаат кривини“.

Неодамнешната студија која треба да биде објавена во списанието European Financial Management, сугерира на тоа дека приказната за канцеларијата како „чуварница на моралот на работниците“ се менува.

Излегло дека банкарите кои работат од дома, поставуваат поголем етички стандард од своите колеги во канцеларија.

Иако шефот на Тесла и Твитер, Илон Маск, работата од дома ја квалификувал како „морално погрешна“, и иако од водечките светски банки исто така не веруваат во нејзината ефикасност, овој резултат би можел да се одрази на идните барања на Џи Пи Морган и Голдман Сакс.

Со други зборови, со тоа што банкарите бараат да се вратат на работните места, можеби несвесно ја отвораат Пандорината кутија.

Ова откритие настанало од деталната анализа на податоците на една од петте најголеми банки во Велика Британија. За време на едногодишниот период на изолација, авторите на студијата се фокусирале на извештајот за „недолично однесување“ во компаниите кои вработуваат 162 трговци.

Излегло дека трговците кои работеле од дома, имале севкупно 7,3 % шанси да предизвикаат предупредување за недолично однесување, наспроти нивните колеги кои ревносно оделе на работа; тука процентот на шанси изнесувал неверојатни 37,6 %.

Накратко, во канцелариите пет пати повеќе се демонстрирало недолично однесување, во однос на работата од дома. Но, треба да се дефинира што е точно „неетичко“ однесување, со оглед на тоа дека во студијата под тој поим е ставено и проѕевањето.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock