- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Какви мерки се потребни за да се спречи ценовен шок?

Какви мерки - Работник
1.01Kviews

Државата да преземе итни мерки за да спречи ценовен шок.  Во игра се неколку опции – да ги замрзне цените на горивата и на основните производи на месец или два, да се откаже од ДДВ то кај нафатата  или да се откаже  од акцизата , но може да  интервенира и со стоковите резерви, предлагаат  превозниците. Во спротивно, велат,  не чека бран поскапувања. Мерките би биле од привремен карактер – за месец или два, додека не се стабилизира состојбата, а ефектот кој би си постигнал би бил значителен

Инфлацијата, според анкетата која ја спроведе Народната Банка кај економските аналитичари, не би надминала 3%, односно би се задржала на 2,8 отсто, како резултат на постепено стабилизирање на состојбата предизвикана од ковид пандемијата, која би довела до зголемена побарувачка , како и повисоките цени на увезените добра, како што се храната и енергијата. Од друга страна пак, инспитаниците сметатат дека монетарните и фискалните мерки, како и растот на платите би придонесле кон повисок раст на инфлацијата., се наведува вои анкетата  на Народната банка.

Од Владата вчера изјавија дека ја следат состојбата, но додека траат изборите, не се дозволени никакви мерки со кои е предвидено финансиско зафаќање од буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите.

За да спречат ценовен шок, интервенирале со тендерот за набавка на јаглен, со кој се очекува да се обезбедат доволни количини за претстојната зима. . А дали има интерес и колку компании се јавиле на тендерот, од ЕСМ иако требаше да објават  денеска, најавија дека ќе соопштат утре. Велат дека имало заинтерсеирани комапнии од Косово, Грција, Србија и една домашна. Планираат да се обезбедат 1,2 милиони тони јаглен за потребите на Рек Битоал и ТЕЦ Осломеј, а колку ќе плати државата  за оваа количина, се уште не открива.

Извор: Сител