Како ве третира вашиот шеф? 17 % од вработените велат дека ги презема нивните заслуги

Стереотипот по принципот Да, господине/госпоѓо на работното место е насекаде вообичаен. Априори се смета дека вработените речиси никогаш не се согласни со своите шефови, дека не ги сакаат или дека ги навредуваат на било кој начин.

Секако дека има работници кај кои тоа не е случај, но овие другите доминираат. Многу од тоа зависи и од самите работодавачи. Она што се очекува од вработените е основно почитување, но дали може да се прејде преку тоа?

Некои студии сугерираат дека може дури да биде опасно ако работниците молчат за одредени проблеми и се согласуваат со се што ќе каже шефот. Менаџерите кои не слушаат искрени, конструктивни критики од своите вработени можат да имаат проблем со подобрувањето на ефикасноста и постигнување на организациските цели и задачи.

HR Daily Advisor своевремено споделил интересна статистика која нема „рок на траење“ и може да се примени секогаш кога ќе биде потребно да се согледа реалната ситуацијата на пазарот на труд.

Како вработените ги гледаат своите менаџери?

Истражувањето Randstad USA открива интересни податоци и увиди во тоа како вработените гледаат на своите надредени. Еве неколку клучни точки:

  • Само 53 % од вработените сметаат дека шефот го цени нивното мислење;
  • Само 35 % од работниците рекле дека нивниот шеф ги инспирира;
  • Дури 25 % од вработените веруваат дека можат да работат подобро од својот шеф;
  • Околу 17 % од работниците рекле дека шефот зема заслуга за нивната работа.

Забележливо е дека младите вработени (25 – 34 години) и жените имаат тенденција да чувствуваат непријатност ако ги „предизвикаат“ своите менаџери – околу 35 % така се чувствуваат, во двете наведени категории.

Од друга страна, не е изненадување што шефовите, можеби, не се свесни за овие видови на критики. Се поставува прашањето колку работници се подготвени да му кажат на шефот дека ги инспирира или дека презема заслуги за нивната работа? Во постарите корпоративни политики кои ги познаваме, таквиот став „удира“ на суетата и егото на шефот.

Тоа е нешто што едноставно не го „толерира“. Сепак, треба да се имаат во предвид и претенциозните ставови на одредени работници, така што ситуацијата не е секогаш црно-бела.

Во секој случај, несомнено е потребна поголема слобода на говор на работните места. Иако директниот пристап не е можеби секогаш вистинскиот начин, заклучокот за менаџерите е дека ако не добијат негативни повратни информации од вработените, веројатно не се свесни за нивните вистински емоции.

Тоа, потоа, многу лесно може да се одрази и на квалитетот на работата и самиот успех на компанијата.

Она што Randstad истражувањето понатаму покажува е дека голем број на вработени имаат клучни негативни чувства кон своите шефови, но им е прилично непријатно да ги изразат.

Што можат менаџерите да направат за да ги надминат овие тенденции?

Прво, преземете чекори да создадете клима на транспарентност и доверба, така што ќе бидете отворено за повратни информации од вработените, без разлика какви и да се. Вашите реакции ќе одредат колку на нив и на другите ќе им биде (не)пријатно да бидат искрени со вас во иднина.

Второ, моделирајте соодветен пристап преку пружање на конструктивни повратни информации.

И трето, размислете дали анонимните методи повратни информации, на пример: кутии со сугестии и анкети. Овие методи можат многу да ви помогнат да откриете информации кои вработените не сакаат да ги споделат.

Фото: Shutterstock