Камионџиите во „лер“ – се чека меѓународниот договор за „мини карантин“
Во текот на денот се очекува да се добијат првите санитарни потврди кои преку Макамтранс и Америт ќе ги добиваат камионџиите за така наречениот мини карантин за да може да се одблокира превозот на стоки.
Засега камионџиите се уште се заглавени по границите. Најголемите проблеми македонските камионџии имаат во Хрватска каде не се пропуштаат да поминат па сега се прават огромни гужви на Унгарската граница а оние транспортери што не успеале да ја заобиколат Хрватска сега се носат во тамошни хотели каде ќе треба да поминат 14 дневен карантин на сопствен трошок.
За да се надминат овие проблеми земјите од регионот утре преку видео конференција ќе се обидат да најдат решение како да се унифицираат постапките и мини карантинот да профункционира за да може да возат и да не запре транспортот на стоки.
Освен транспортот на стоки кој засега бележи 52% намалување на превозот големи загуби трпи и превозот на патници заради што се бара укинување на патарините.
Претставниците на транспортерите асоцијации ги повикаа камионџиите да се придржуваат до правилата нивните фирми преку меил да побараат санитарна потврда, папките да се дезинфицираат, да со носат ракавици, заштитни маски и заштита на обувките и да не се собираат во групи на граничните премини додека чекаат за транзит.
Извор: Канал 5