- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Кога ќе поминат мерките од петтиот пакет помош?

Петти пакет мерки - Работник
375views

Законите за реализација на петтиот пакет мерки во вторник ќе поминат во Собрание, убедена е власта. Од СДСМ велат дека со или без ВМРО-ДПМНЕ,  продолжуваат да носат законски решенија важни за граѓаните и стопанството. Убедени се дека кворум за гласањето ќе има.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека мнозинството треба да одговори зошто овие закони не биле ставени на претходната пленарна седница за да се утврди потребата од нивно носење. Уверуваат дека тие ќе ги поддржат сите закони за помош на фирмите и граѓаните.

Advertisement

И министерот за економија Бектеши е убеден дека сите пратеници ќе гласаат за законските решенија. Пред се бидејќи се насочени кон фирмите и зачувување на работните места.

Претходно бизнис секторот апелираше пратениците што е можно поскоро да ги изгласаат законите бидејќи за нив е важен секој денар и секој ден.

Advertisement

Извор: Сител

Advertisement