- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Кога ќе се донесе Законот за задолжително пензионирање со 64 години и што договорија власта и опозицијата?

Кога ќе се донесе Законот - Работник
328views

Пензионирањето на вработените во јавен сектор може да се пролонгира до 30 јуни 2022 година. Потоа ќе биде задолжително одење во пензија со навршени 64, односно 62 години. Тоа се предвидува во новиот Закон за работни односи, за кој е постигнат договор меѓу најголемите партии. Законот веќе е во собраниска процедура и се очекува наскоро да биде ставен на гласање.

Од владејачката СДСМ информираат дека исклучок ќе има за дефицитарните кадри. На матичните комисии веќе поминал исклучокот за професори во високото образование, се чека да помине уште исклучокот за дел од вработените во здравството.

Advertisement

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека се задоволни што се прифатени нивните забелешки.

“Ние имавме реакции затоа што немаше доволно анализи. Оваа мерка е голема мерка и дека навистина ќе направи проблем во функционирањето затоа што одредени луѓе кои се пред пензионирање планирале да останат на работа до одреден временски период, колку што дозволува законот, а сега се донесува закон да одат тие веднаш во пензија. Тие забелешки беа прифатени и по договорот се донесе заклучок да официјалното пензионирање за лицата кои што имаат можност да продолжат над 64, односно над 62 години за жени, да биде до 30.06.2022 година. Со тоа даваме можност и институциите и граѓаните на Република Македонија си го планираат времето до кога можат да продолжуваат со договори”, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement
Advertisement

Од Конфедерацијата на слободни синдикати реагираат бидејќи никој не ги консултирал. Велат дека за сите новости дознаваат од медиумите. Го делат мислењето дека треба да има исклучок за дефицитарните кадри, но сметаат дека тоа треба да се дефинира со поопсежни анализи.

“Ние, како синдикат, кој во најголем дел го претставуваме јавниот сектор, имаме проблем со секторите, како што се здравство, образование итн, каде што имаме недостаток или дефицит на такви кадри и не можеме тоа да го прифатиме да биде ад-хок за сите. Како ќе биде и што ќе биде не сме консултирани, не знаеме, го немаме финалниот текст на тоа што е, ако е влезено во Собрание или не е. Политичките партии се договараат меѓусебно но, за жал, морам повторно да констатирам дека работничките права треба да се разговараат соп социјалните партнери во Економско-социјалниот совет”, вели Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Со овој закон се очекува да се намали бројот на административци. Законот требаше да стапи во сила од почетокот на оваа година, но опозициските пратеници лани го блокираа со неколку стотици амандмани.

Извор: Сител

Advertisement