ЕкономијаСветот на работникот

Колку заработуваат Македонските берачи на овошје во Србија? – „Мистерија е колку ќе земаат оние кои ќе берат малини“

Дневниците за берачите на овошје во Србија, оваа сезона се нешто поголеми од лани. Сезонците на плантажите за јагоди може за десет часа работа, дневно да заработат од 25 до 34 евра, а на берачите на боровинки, чија сезона започнува сега, им се ветуваат и поголеми дневници. Меѓутоа, најголемата непознаница е поврзана со малините, бидејќи поради лошите временски услови за „црвеното злато“, не се знае каков ќе биде нивниот род, ни колку сезонските работници ќе бидат платени за да ги берат. Оваа година, тоа е главната мистерија за сезонските работници.

Според податоците на агенциите преку кои се ангажираат сезонски работници за работа во земјоделието, во однос на овој период минатата година, интересот не се намалува, но обемот на ангажирање на сезонци е сепак нешто понизок, во главно поради две причини.

„Најпрво, бидејќи обемот на работа кај самите работодавачи беше мал, со оглед на тоа дека неповолните временски услови го намалиле родот на речиси сите култури. А потоа и поради тоа што добар дел од достапната работна сила од нашата земја која се бави со сезонски работи, веќе е ангажирана на Јадранот, најмногу во угостителскиот сектор заради големите дневници. Кај поголемите плантажери, особено во Војводина, сезонските работници кои работеле или работат, во најголем дел се од југот на Србија, од подрачјата на Врање, Владичин Хан и Бујановац, а и како лани, имавме и регистрирано увезени сезонски работници од Романија, Македонија, Пакистан и Бангладеш. Работодавачите на луѓето кои ги ангажирале од локалните подрачја им плаќале само дневници, додека на оние кои доаѓале од страна, заедно со дневницата им плаќале и сместување и оброци“, велат од агенциите.

Повеќе на Блиц.рс

Фото: Vladimir Lojanica / RAS Srbija