Комората на сметководители одбележува 13 години постоење

Комора на сметководители на Македонија денеска го одбележува своето 13 годишно постоење.

На одбележувањето ќе се говори за активните заложби за унапредување на сметководствената професија, за сите минати и идни успеси.

– На овој ден, пред 526 години, Лука Пачоли прв пат издал опис на двојно сметководство. Повеќе од половина милениум подоцна сметководството е клучната алка за непречено функционирање на економијата, а Комората на сметководители на Македонија веќе 13 години е посветена на унапредување на професијата, наведуваат од Комората.