Компанијата го намалува бројот на вработени за петтина
Информациите ги потврдил шефот на брендот Клаус Зелмер. Открил и некои занимвливости за електричните возила.
Успехот на Шкода се базира на широката палета на модели и релативно ниски фиксни трошоци, рекол Зелмер на конференција на 26 февруари. За да ја одржи ваквата состојба, произведувачот, кој моментално вработува 41,000 луѓе, планира да ја намали својата работна сила за околу 20 %.
Во интервју за Automobilwoche, Зелнер објаснил дека „работните места ќе бидат подложни на природни флуктуации“, што би можело да значи дека Шкода наместо остри намалувања, ќе примени програма за доброволно отпуштање и предвремено пензионирање.
Шефот на брендот дополнително објаснил дека понудата на електричните модели созадава значајно пониски маржи од возилата со внатрешно согорување.
„Ги продаваме Erloq по слична цена како и SUV возилата со SUS мотор, но неговите маржи се многу пониски.“ Поради тоа, развојот на електромобилноста заедно со одржувањето на соодветно ниво на профит за Шкода е значаен предизвик, пренесува Autoblog. Повеќето произведувачи се соочуваат со слични проблеми.
Покрај ова, чешкиот бренд не се откажува од своите амбициозни цели – една од нив е да продадат милион автомобили во 2025 година. Се очекува дека вон-европските пазари како Индија и Виетнам ќе помогнат во постигнувањето на целта. Шкода полага голема надеж во Индија, каде недодамна дебитирал моделот Kyalaq дизајниран посебно за Индија.
Освен тоа, Шкода се подготвува за почетокот на склопувањето на возилата во својата нова фабрика во Виетнам. Почетното производство ќе биде фокусирано на малиот SUV Kushaq, по што ќе следи малата лимузина Slavia.
Извор: b92.net
Фото: Smoothies/Shutterstock
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025