КОЈ СИСТЕМ НА ПЛАТИ Е ПО МЕРА НА ВРАБОТЕНИОТ? – Синдикална школа на САДУ
Синдикатот за администрација и државна управа – САДУ – грански синдикат на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, од денеска, па се до недела организира Синдикална школа.
Главните теми на кои се дискутира се: активностите на САДУ и структурната поставеност на синдикатот, синдикалното лидерство и влијанието на синдикатите во јавниот сектор, Колективно договарање во јавниот сектор, Модел на плати во јавниот сектор – кој систем е по мера на вработениот и потребата од вистинска реформа во јавниот сектор – визија или утопија.
Предавачи на синдикалната школа се Претседателот на САДУ, Благоја Ралповски, Претседателот на СОНК, Јаким Неделков и Универзитетскиот професор по трудово право, Лазар Јовевски.
На Синдикалната школа учествуваат претставници на сите синдикални организации на САДУ.