МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кој ќе ја плаќа мајката доколку детето се заболи од Ковид и таа ќе мора да оди во изолација

276views

Мајките кои се на породилно отсуство и оние чии деца имаат до шест години денеска повторно излегоа на протест пред Владата во обид да издјествуваат укинување на одлуката во среда да се вратат на работа.

Мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на инфицирани деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца.

Со транспаренти „Децата се безбедни во градинка’ е новата македонска хорор приказна”, “За нашите деца ги спремавте монтажните болници?”, “Пратениците дома, бебињата во градинка” тие бараат продолжување на отсуство до Нова година.

Нивните барања се исти како и минатиот протест, а тоа е да се испочитува препораката на Комисијата за заразни болести за продолжување на породилното отсуство до 31.12.2020 година.

„Се уште нема одговор на клучни прашања како:

– кој ќе ја плаќа мајката доколку детето се заболи од Ковид и таа ќе мора да оди во изолација?

– како се тврди дека има места во градинките, кога мајките се на листа на чекање? Во редовни услови нема места, а не сега.

– дали се консултирале со педијатри за овој случај?

– зошто за бебињата е безбедно во градинка, а за повозрасните лица и пратениците не е?

– дали како имате бројка на градинки, имате и бројка колку мајки досега дале отказ?“, запраша една од Милена Дабоска Димовска.

Мајките побараа средба со премиерот Зоран Заев за повторно да ги истакнат своите барања.