МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Епидемијата ќе го доживее пикот во април – деновите од 04 до 20 април да се прогласат за неработни

КСС: Не тврдиме - Работник
5.05Kviews

Имајќи предвид дека претпоставките се дека епдемијата ќе го доживее пикот на средината на април, а тогаш е и големиот христијански празник Велигден, постои опасност вирусот да не опфати во уште поголеми размери, истакнаа од Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС.

„Заради тоа, предлагаме од 04 Април до 20 Април да се прогласат за неработни денови, затоа што и во тој период има само 9 (девет) работни дена поради празникот Велигден (а севкупно се седумнаесет денови). Товарот за плата односно дневници за тие денови на работниците да го преземе 100% државата, освен моќните претпријатија и фирмите кои остваруваат и во вакви услови профит, со што ќе покажат солидарност и сами  ќе го понесат товарот за плати“, велат од КСС.

Според нив, со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 180 000 работници, кои се најзагрозени, што за 9 (девет) дена знаејќи го просекот на плати на тие што се сега загрозени не би ја чинела државата  повеќе од 20 милиони евра.

„Во периодот од 4 Април до 20 Април полицискиот час би бил многу порано и би траел многу повеќе“, велат од КСС

Тие предлагаат и, во тој период да се направат дежурни тимови во администрацијата кои би работеле со скратено работно време, со цел да се реализираат само итни и неодложни предмети, секако битни за непречено функционирање на државните органи.