КСС им го честита 1 Мај на сите работници
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати:
Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот! ✊
„Работиме континуирано на покачување на сите плати, усогласување со растот на минималната плата, обезбедување безбедни работни места и подобри работни услови, како и подобрување на благосостојбата на сите работници.“
Ова не е само порака – ова е наша секојдневна борба. Продолжуваме заедно, солидарно и гласно, за достоинствен труд и правична иднина.

