МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС и МЗЗПР: 04 до 20 април да бидат прогласени за неработни денови

КСС и МЗЗПР - Работник
802views

Македонското здружение за заштита при работа –МЗЗПР и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија-КСС како општествено одговорни во борбата против корона вирусот – Ковид 19 денес испратиле предлог до Владата за прогласување на неработни денови од 04 Април до 20 Април, истакнаа од КСС и МЗЗПР во соопштението за јавноста.

„Причините за ваков предлог се предвидувањата за пикот на пандемијата  кој треба да се случи кон средината на Април, а во тој период има големи верски празници како што е Католички Велигден 12 Април, Православен Велигден 19 Април, па претпоставките се дека  заразата може да се рашири многу повеќе од очекуваното“, велат од МЗЗПР и КСС.

КСС предлага платите за дневници  за сите вработени  во тој период да бидат на товар на Владата додека фирмите што се уште се ликвидни тој товар да го понесат сами во знак на солидарност.

МЗЗПР изработи детален план на заштита во тој период па така во поглед на заштитата доколку се почитуваат и усвојат мерките граѓаните ќе бидат многу повеќе заштитени од ковид 19.

„Нашиот предлог е испратен и до многу легитимни здруженија на граѓани, невладини организации, организации на работодавачи и до синдикати од кои несомнено добивме подршка за нашата иницијатива и целосно отвораме фронт на легитимни граѓански здруженија кои во периодот ќе ги контактираме да се произнесат и со нивни идеи за справување со корона вирусот – Ковид 19, како и со економската криза која што е предизвикана од вирусот, многу побрзо сите заедно да и ставиме крај на пандемијата со цел заживување на стопанството, минимум губење на работни места, да имаме што помалку жртви, едноставно да се врати животот во цела држава, а граѓаните да можат слободно да се движат  додека стопанството особено ситните стопанственици, занаетчии, угостители, трговци поединци итн.  да  почнат да остваруваат каков таков профит со што стопанството ќе почне да заздравува“, велат од двете организации.

Тие ја охрабруваат Владата да апелира до верските заедници во Македонија да упатат повик до верниците празниците да ги поминат во домашна атмосфера со своите семејства.

„До овој момент поддршка на платформата дадоа: Унијата на незавнисни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Хелсиншки комитет за човекови права, а воедно најавија и повеќе невладини организации и граѓански здруженија од кои некои во моментот остваруваат и тековни состаноци и ќе се произнесат подоцна“, велат од КСС и МЗЗПР.

Во знак на солидарност МЗЗПР и КСС Ве повикуваат да се приклучите на предлогот и сите заеднички да изградиме платформа и да си помогнеме да ставиме крај на пандемијата со што целосно ќе можеме да се насочиме кон заздравување на стопанството во нашата држава, навеодоа двете организации.

Од КСС и МЗЗПР испратија дополнување на соопштението по иницијатива на Организацијата на работодовачи на Македонија во кое стои: Најмалку две недели неработни во периодот од 04 до 30 Април, наместо неработни денови од  04 до 20 Април. Владата најави ваква слична мерка за користење на Колективен годишен одмор од најмалку две недели во Април или Мај, бидејки сите сметаме дека до крајот на Април ќе биде најризично.