КСС и СОНК остварија средба со претставници на Владата
Раководството на СОНК со поддршка од претседателот на КСС, остварија работна средба со претседателот на Владата, министерот за образование и наука, министерот за финансии, министерот за економија и труд, советникот на премиерот за труд и социјала и претставници од МОН, на која се расправаше за стратегии и политики во надлежност на двете институции. Особено се посвети внимание на социјалниот статус на вработените во образованието, како и спроведување на реформите во овој сектор. Се разговараше за долгорочна стратегија и динамика на пораст на платите во основното и средното образование со што вработените ќе го добијат заслуженото место во општеството. Исто така беше договорено што поскоро да се пристапи кон утврдување и потпишување на колективните договори за основно, средно и високото образование. Се очекува наскоро да се излезе со усогласени ставови од двете страни, за што јавноста ќе биде информирана.
Убедени сме дека членовите на СОНК ќе бидат задоволни од резултатите на преговорите.
- Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата - 20/01/2025
- Вработените на Nvidia стануваат мулти-милионери: Колку тоа го чини приватниот живот? - 20/01/2025
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025