МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(Видео) КСС: Продолжуваме со кривични пријави до сите кои ги прекршуваат колективните договори и законите

КСС: Продолжуваме со кривични пријави - Работник
233views

Бобан Илијевски

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Благоја Ралповски посочи дека доколку не им се исполнат барањата ќе ги преземат следните радикални мерки:

 

1. КСС ја известува јавноста дека во Македонија оваа недела пристигна главниот правен советник на  Светската конфедерација на синдикати со кој заедно ќе се изработат тужби за пред Меѓународната организација на трудот, вклучувајки известување и до Европската комисија за сериозното нарушување на слободата на синдикалното функционирање, прогонот на синдикалните лидери како и непочитувањето на законите од страна на одредени министри во оваа Влада кои се директни носители – предизвикувачи на претходно споменатите состојби.

2. КСС отпочна и ќе продолжи со поднесување на кривични пријави до сите оние именувани и избрани лица носители на функции во државните институции кои грубо ги прекршуваа законите и колективните договори како и вршеа упад во синдикалното делување за што веќе имаме и извршни пресуди.

3. КСС ќе преземе радикални чекори доколку институциите не преземат мерки за ваквите девијантни делувања од страна на именувани лица во извршната власт, аминувани од квази-синдикални и граѓански здруженија, подобни за нив без да разликуваат што е политички притисок и популистички мерки, а што се работнички права.

4. На крајот сакаме и пред целата јавност да кажеме дека никакви закани, притисоци и слични дејствија од било кое ниво, од позиција на власт нема да го смени курсот на одбрана на правата на синдикатот и неговите членови кои произлегуваат од постоечкото законодавство и колективните договори, а доколку постојат вакви постапки КСС ќе ја известува јавноста, ќе продолжи со покренување на соодветни судски постапки, ќе ги известува меѓународните организации и ќе преземе крајно радикални дејствија.