- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

„Купувам домашно“ се реализира по втор пат за поголем опфат на граѓани

„Купувам домашно“ се реализира - Работник
833views

Проектот „Купувам домашно“ е за да се поттикне домашното производство и така и се спроведе претходно. Сега се реализира втор пат за да им помогнеме на оние категории граѓани кои не беа помогнати со третиот сет економски мерки.

-Рокот е многу краток за граѓаните да ги добијат средствата на платежни картички и затоа во рамките на четвртиот сет на економски мерки за помош на граѓаните и компаниите за справување со ковид кризата одлучивме директно да ги тансферираме средствата на нивните жиро сметки. Целта ни е да ја поттикнеме потрошувачката како важен дел од БДП. Во минатото, преку оваа мерка имаше зголемување на потрошувачката на одредени производи, а во момент кога доаѓаат празници кога овие средства им се најнеопходни на граѓаните одлучивме да можат да ги користат средствата и по крајниот рок – 25 декември. Секако дека овие средства ќе ја поттикнат приватната потрошувачка, а на јавната потрошувачка ќе влијае и Владата со реализација на повеќе проекти кои се во тек, рече Бектеши, во одговор на прашање по денешната прес-конференција со косовскиот министер за трговија и индустрија Весел Красниќи.

Прецизира дека контролата дали и како средствата ќе се користат ќе ја направи Управата за јавни приходи, но посочи дека е убеден оти мерката ќе има големо влијание врз приватната потрошувачка и продажбата на домашните производи, а тоа, како што рече, ќе го покажат и податоците за четвртиот квартал од годинава кога ќе бидат објавени.

-Целосната контрола и имплементацијата на мерката се врши од страна на УЈП. Ние со оваа мерка им излеговме во пресрет на сите категории граѓани и на сите граѓани кои беа изоставени во третиот сет на економски мерки. Сега помош добиваат и оние кои се невработени, а се пасивни баратели на работа, пензионерите, младите лица и други категории кои не беа опфатени претходно, рече Бектеши и додаде дека мерката се имплементира преку Генералниот секретаријат на Владата и УЈП.

Тој упати апел до сите граѓани кои сметаат дека спаѓаат во категориите кои се предвидени за добивање финансиска поддршка, а ги нема на списоците да достават барање до kupuvamdomasno.gov.mk.

-Со третиот сет на економски мерки сите поплаки кои ги доставија граѓаните беа проверени и им беше одговорено и каде што имаше пропусти граѓаните беа додадени на дополнителните листи и им беа исплатени средствата на нивните платежни картички. Така ќе биде и сега, истакна Бектеши.