Левица бара зголемување на испратнината на работниците за дополнителна нето плата!
Време за читање 1 минута
Фејсбук статус на Трудовиот сектор на Левица:
Во капиталистичкото општество, за жал, често се случува работниците да останат без своите работни места поради технолошки вишок и да бидат препуштени сами на себе.
Поради тоа во законите во Република Македонија е предвидена своевидна компензација поради губењето на работниот однос, односно обврска на работодавачот да исплати испратнина на работникот. За волја на вистината испратнината во овој момент не е на завидно ниво и истата е потребно да биде зголемена!
Затоа, Левица како политичка партија која што активно се залага за подобрување на работничките права предвидува ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИСПРАТНИНАТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА НЕТО ПЛАТА!
Така, оние кои што требало да добијат една нето плата, со нашите законски измени ќе добијат ДВЕ, оние кои што треба да добијат две, со законските измени ќе добијат ТРИ нето плати, итн. !
Левица е и ќе продолжи да биде единствен заштитник на работниците во Република Македонија!
Во капиталистичкото општество, за жал, често се случува работниците да останат без своите работни места поради…
Posted by Левица – Трудов сектор on Saturday, March 6, 2021
Latest posts by Редакција (see all)
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025