- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Левица дава поддршка на протестот на КСС!

Левица дава поддршка - Работник
139views
ПОДРШКА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА КСС
Почитувани,
Би сакале да ја известиме јавноста дека Левица – Трудов Сектор ја поздравува иницијативата на КСС за будење и обединување на работничката класа преку организирање на мирен протест и истата ја поддржува.
Честите кршења на законските одредби предвидени за заштита на работничките права, манипулациите и притисоците кои што се прават кон самите работници, пасивноста на институциите кои што треба да извршат превенција и санација на таквите појави, како и неажурноста на Владата во зачувување на работните места, се само мал дел од причините кои што предизвикаа енормни последици по работничката класа.
Иако веруваме дека вистински промени можат да се случат единствено преку политички алатки, односно преку политичко делување во Собранието на Република Македонија, сепак, секоја заложба за унапредување на животниот стандард на работниците од страна на синдикатите е добредојдена и заслужува пофалба. Се надеваме дека овој настан нема да биде единствен и дека ќе продолжат активностите кои што се во интерес на работниците, па овој мирен протест би прераснал во работничко движење преку кое ќе бидат остварени многу бенефити за работничката класа.
Протестот ќе биде одржан на 15/04/2021 со почеток во 16:00 часот. Истиот ќе започне од Бул.Гоце Делчев (спроти МТВ), по што ќе продолжи пред Собранието, за на крај да заврши пред Влада.
Членовите на Левица – Трудов Сектор ќе присуствуваат на овој мирен протест, со што јасно и недвосмислено ќе покажеме дека сме на страната на работниците.
 

ПОДРШКА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА КСС

Почитувани,

Advertisement

Би сакале да ја известиме јавноста дека Левица – Трудов Сектор ја…

Posted by Левица – Трудов сектор on Wednesday, April 14, 2021

Advertisement
Advertisement

Advertisement