- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Левица: Дали „Брако“ во сопственост на Анѓушев незаконски го присвојува недвижниот имот од „Каст инвест“?

Работеле на 40 часа - Работник
288views

Поранешни работници од „Каст Инвест“ не контактираа дека во оваа фирма се случува сериозен криминал, односно дека сите ЦНЦ машини (во вредност од над 350 000 евра) во вечерните часови биле пренесени од складовите на „Каст Инвест“ во фирмата на Кочо Анѓушев – „Брако“, истакнаа од Левица во соопштението. 

„Покрај овие машини, во „Брако“ биле однесени и неколку помали алати кои што имале вредност од по 800 евра секоја, како и останат помалку вреден инвертар. Инаку, фирмата „Каст Инвест” во март остави над 100 работници на улица со неисплатени плати и придонеси за неколку месеци. Согласно нашите информации кои ги добивме од работниците, тие се уште не ги добиле своите плати“, велат од Левица. 

Advertisement

Јавно прашуваат дали се работи за намерно обезвреднување на имотот на оваа фирма, со цел да нема стечајна маса за исплата на побарувањата на работниците. Дополнително, како што наведуваат, ваквите сомневања кај работниците се повеќе од основани, со оглед на тоа што истите беа избркани со најава дека фирмата оди во стечај, иако пет месеци подоцна се уште не е отворена стечајна постапка.

Advertisement

Advertisement
Advertisement