МакедонијаПравдаСветот на работникот

Левица: Идната државна помош да се исплати директно на работниците, за да нема злоупотреби од газдите

Работеле на 40 часа - Работник
312views

Политичката партија Левица, како единствен субјект во Република Македонија којшто се залага за правата и интересите на работниците и работничката класа, остро го осудува манипулирањето кон работниците од сите работодавачи коишто по добиената државна помош исплаќале помала плата од законски утврдената, истакнаа од Левица во соопштението за јавноста.

“Додека директорката на УЈП – Сања Лукаревска, (СДС) упатува апели до работодавачите да ги подмират своите обврски кон работниците, во кои се заканува со некаква фиктивна санкција во форма на “јавно објавување на фирмите кои не ги подмириле обврските“, работниците остануваат оштетени и некомпензирани во целата ситуација, при што се оставени на цедило по којзнае кој пат од страна на државата. Секако, доколку директорката, Лукаревска посветеше помалку време на партиските активности, а повеќе на решавање на проблемите со исплатување на платите на работниците, веројатно немаше да има ваков хаос во државата!”, велат од Левица.

Затоа, Левица во име на работниците бара сите оние работодавачи коишто ја злоупотребиле државната помош да бидат обврзани да ги вратат доделените средства со камата, како и да ги компензираат со камата сите работници коишто биле изиграни во изминатиов период. Покрај ова, подвлекуваат и дека идната државна помош наменета за работниците да им се исплаќа директно на трансакциските сметки на самите работници, а не преку работодавачите, како би се спречила ваквата злоупотреба на средствата доделени од државата.

Мора да се стави крај на неправдите коишто се случуваат на работникот, мора да се даде до знаење на сите работници дека Левица е нивниот најголем пријател во нивната борба за достоинствен живот од својот труд!, стои во соопштението на Левица.