НовостиПравдаСветот на работникот

Левица: Неспособното раководство на АД “Водостопанство” ги остави вработените без плата

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Левица – Трудов сектор:

🚫Вработени во АД ВОДОСТОПАНСТВО сеуште немаат земено плата затоа што сметката на компанијата од неодмана е блокирана.

🚫Неспособниот менаџерски тим на чело со директорот Локман Љимани дозволиле Управата за Јавни Приходи да ја блокира сметката и да ги земе парите кои биле собрани за плати на вработените a управата ги земала поради неисплатено ДДВ.

🚱Компанијата без образложение ги поштедила од плаќање комуналните претпријатија во Куманово, Берово, Струмица и Кавадарци кои не ги платиле своите обврски во износ од околу 240 милиони денари од кои само за ДДВ се околу 45 милиони денари па дури и фаворизирала одредени субјекти воопшто да не платат.

⚠️ Додека вработените во АД ВОДОСТОПАНСТВО се трудат редовно и навремено да ги извршат своите работни задачи компанијата води политка која е погубна не само за вработените туку и за целото земјоделство затоа што голем број на посеви ќе останат без вода за наводнување, а одредени места и без вода за пиење.

⁉️Левица повеќе пати реагирала за расипничкиот однос на директорот Локман Љимани кој се луксузира на сметка на претпријатието додека работниците немаат плата но овој чин е кулминација на неговата неспособност.

‼️Повикуваме директорот веднаш да си даде оставка како би се спречило ова понатамошно уништување на претпријатието и негрижа за правата ма работниците и земјоделството.

1000007411