- Advertisement -
Правда

Левица: Не може Уставот за функционерите да биде мајка, а за обичниот народ маќеа

Работеле на 40 часа - Работник
253views

Денес, Правниот сектор на Левица, до Уставниот суд на РМ поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на владината Одлука со која, за разлика од другите граѓани, им се дозволи на функционерите да може да патуваат во странство, а по нивното враќање да не мора да бидат спроведени во задолжителен државен карантин, соопштија од Левица.

„Со претставката се бара поништување на оваа дискриминирачка одлука на Владата, како и изрекување времена мерка за стопирање на нејзиното извршување се до конечната одлука на Судот.
Сметаме дека со оваа контроверзна одлука, се повредува уставното начело на еднаквост на граѓаните, кое го гарантира и Европската конвенција за човекови права, како и низа други меѓународно-правни документи“, истакнаа од Левица.

Според Левица, спротивно на строгата изолација на потенцијално болните или заразени лица, кои со полициско-армиска придружба, се присилно спроведувани до државните карантини ширум Македонија, овие функционери со дипломатски пасош недозволиво и стереотипно институционално се фаворизираат и диференцираат како поеднакви и повредни од другите луѓе, со што се доведува во опасност и јавното здравје на населението.

Посочија дека очекуваат Уставниот суд на РМ, слично како во случајот со намалувањето на функционерските плати и бенефиции, да поведе итна постапка и експресно да реагира во овој сензитивен случај.

Advertisement