- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Макрадули: Огласот за 280 вработувања во Пошта е бидејќи им истекуваат договорите

Макрадули: Огласот за 280 вработувања - Работник
527views

Во ек кога „Пошта“ тоне длабоко во долгови новиот директор Јани Макрадули решил да вработува 280 луѓе. Со јавниот оглас ќе се вработат партиски војници на 280 работни места на неопределено време – ваква информација беше објавена утринава.

Неколку часа подоцна се огласи новиот директор Макрадули. Вели дека не станува збор за отворање на нови работни места, туку за кадар кој и досега работел во Пошта, но под договор на определено време.

–Во интерес на вистината, а по изнесените лаги од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, важно е да се нагласи дека не станува за отворање на нови работни места и дополнителни финансиски трошоци на компанијата, бидејќи во моментов овие позиции ги извршуваат лица на кои им истекуваат договорите за вработување, а кои досега беа склучувани на определено работно време. Со цел непречено овозможување на услугите, особено земајќи предвид дека А.Д. „Пошта на Македонија“ е давател на универзална поштенска услуга во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, како и дополнителна транспарентност и отвореност, компанијата за овие позиции распишува јавен оглас за работна позиција – пошторазнесувачи, на неопределено работно време, кој е отворен за секој заинтересиран граѓанин, вели Макрадули во изјава за Фокус.

Според него овој оглас бил првично распишан во текот на месец февруари 2020 година, но не е реализиран, следејќи ги насоките и препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заради почитување на законските прописи, како и избегнување на било какво влијание во рамки на изборниот процес.

Извор: Лидер