Маск најави домашен асистент робот
Во пресрет на годишната манифестација на Тесла посветена на вештачката интелигенција, Илон Маск најави робот кој ќе може да помага во секојдневните задачи, од косење трева до носење намирници, но и да врши бројни сложени дејствија.
Ботот Optimus, како што се нарекува, најверојатно ќе биде претставен на 30 септември за време на настанот, а Маск го најави своето деби на Твитер со фотографија од роботските раце во облик на срце.
Се очекува високотехнолошкиот дел од вештачката интелигенција делумно да ги замени работниците на производната линија на Тесла.
Надвор од повторливите фабрички работи, Маск вели дека идните верзии на хуманоидниот робот би можеле да извршуваат широк спектар на улоги, од домашна помош до грижа за стари лица.
„Во иднина физичката работа во суштина ќе биде опционална. Ако сакаш да направиш нешто, можеш, но не мора“, рече Маск на минатогодишниот настан.