Маск се обратил на своите вработени – „Наш приоритет е да испратиме луѓе на Марс и Месечината“

Лидерот на компанијата СпејсХ, Илон Маск, им порачал на своите вработени дека нивниот примарен фокус треба да биде мисијата преку која треба да испратат луѓе на Марс и Месечината.
Ова треба да биде продолжение од успешното полетување во вселената, каде се упатиле астронаутите Боб Бенкерн и Даг Харли, од центарот Кенеди на Флорида, на 30 мај 2020 година.
Овој милијардер пред речиси 10 дена ја испишал американската историја со овој потег, и сега во својата земја ужива посебен статус.
Како што пренесува Си – Ен – Би – Си, Маск преку меил ги повикал своите подредени, да „драматично и веднаш“ го забрзаат темпото кон остварување на споменатата цел, а тоа е „освојување“ на Марс и Месечината.
⠀
„Ве молам земете во предвид дека приоритет на СпејсХ е Старшип ракетата“, напишал тоја.
Инаку, Старшип е способен да, по поаѓањето кон дестинацијата, да слета исправено со помош на своите мотори и тоа на сличен начин како и Фалкон 9 ракетите, за да потоа може повторно да полета и да се врати на Земјата.
Неговата суштина е повторно да се користи и да биде функционален како комерцијално летало, со цел да превезува 100 луѓет одеднаш.