МАЧР организира настан за потребата за зајакнување на соработката помеѓу одделот за човечки ресурси и синдикатот
Фејсбук статус на Македонската асоцијација за човечки ресурси:
MAЧР ве поканува на HR Caffe & Networking!
Се надеваме дека успеавте да се одморите за време на Новогодишните и Божиќните празнувања и дека успеавте да обезбедите енергија за сите предизвици и активности, кои не очекуваат во Новата година!
МАЧР Ве поканува на првиот свој настан во 2021 година, HR Caffe & Networking на тема „Потребата од зајакнување на соработката помеѓу HR одделот и претставникот на вработените (синдикатот), со цел унапредување на работната организација“. Гостин-говорник на настанот ќе биде г-дин Благоја Ралповски, Претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).
Настанот ќе се организира во Вторник, 2 февруари 2021 година, со почеток во 18 часот, во онлајн формат. За сите заинтересирани за присуство на настанот, Ве замолуваме да ја пополните кратката пријава, кон која можете да пристапите на следниов линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLScXpmsCmptFD4…/viewform
Нам ќе ни биде чест и задоволство доколку и Вие, со Вашето присуство, ја збогатите содржината на првиот настан во организација на МАЧР во 2021 година. На денот на одржување на HR Caffe & Networking, на мејл адресата на сите пријавени ќе биде доставен линк за онлајн пристап до настанот.
Во очекување сме на Вашите пријави!
📢MAЧР ве поканува на HR Caffe & Networking!
Се надеваме дека успеавте да се одморите за време на Новогодишните и…
Posted by Macedonian Human Resources Association on Monday, January 25, 2021

