МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

МДС бара приоретизирано редуцирање на присуството на работа

МДС бара приоретизирано - Работник
253views

Македонскиот дипломатски синдикат при САДУ повторно го повикува раководството на Министерството за надворешни работи да се придржува кон Законот за адмнистративни службеници и да го почитува членот 73 ст.19 за придржување до прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа, пишуваат од синдикатот во соопштението.

Според синдикатот во време кога вработените во МНР вложуваат големи напори да им се помогне на нашите граѓани ширум светот, раководството за жал и натаму не ги увидува сериозноста на ситуацијата и ризиците од епидемија по самите вработени.

„Голем број наши колеги секое утро патуваат на работа во Скопје од други градови во земјата со средства за јавен превоз. Во тнр. „океански систем“ на работа  по 5-6 колеги работат групирани во исти канцеларии. Ваквото групирање е сосема во спротивност со прокламираните мерки за јавно здравје и прогласената вонредна состојба и може да придонесе за вивнување на епидемијата“, велат од МДС.

Тие истакнаа дека имајќи ја предвид нагорната линија на ширењето на Корона вирусот, укажуваат на неопходната потреба од приоретизирано редуцирање на присуството на работа и фокусирање на силите онаму каде што тоа сега е најпотребно. МДС бара најитно, по можност од утре, драстично намалување на присуството на работа, како и преминување на систем на дежурства и ротирање на вработените, со крајна цел заштита на здравјето на вработените. Како на оние што секојдневно патуваат на работа, така и на останатите колеги кои заедно со нив го поминуваат времето на работа. Нивните фамилии, како и сите останати, имаат мали деца, внуци, возрасни родители и други ранливи категории кои со ова би можеле да бидат загрозени.

Здравјето е една од најголемите вредности на нашето општество и здравјето на вработените и нивните фамилии треба да биде приоритет за Министерството, велат од МДС во соопштението.

Македонскиот дипломатски синдикат во повеќе наврати истакнувал дека сака да му биде партнер на раководството и коректор при донесување на одлуки, во интерес на работните права и здравјето на вработените. Но, доколку раководството на МНР се оглуши на нашето барање, ќе го сметаме за непосредно одговорно во случај на идно загрозување на здравјето и животите на вработените, истакнаа од МДС.