Правда

Мизрахи: Холокаустот да биде потсетник да не бидеме сведоци на такви насилства

Мизрахи: Холокаустот - Работник
122views

Изјава на Министерката за труд и социјална политика по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот:

По повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот 27 јануари, ден кој Генералното собрание на Обединетите Нации во 2005 година одлучи да им се посвети на жртвите, односно да им се оддава почит на жртвите на холокаустот, ден кога концентрациониот логор Аушвиц конечно престана да функционира, Министерството за труд и социјална политика се придружува во одбележување на тој ден со пораката: Да не се повтори!

Како човек и претставник на еврејската заедница во државава, но и како министер сакам да порачам овие настани за секогаш да останат во историјата и да бидат потсетник никогаш повеќе да не бидеме сведоци на такви злочини. Историјата сведочи дека над 5 милиони Евреи беа жртви на Третиот Рајх, но и други народи Роми, Словени кои беа  жртви на погромот од страна на нацистичкиот режим. Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.200 македонски Евреи.

Нека денешниот ден биде потсетник за она што бидува, кога омразата станува лудило, а лудилото епидемија.