- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Минималната плата ќе се зголеми на 15,401 денар, но поради трошоците на короната треба да изнесува 16,976 денари

Проект „Силни мали производители водени од бизнис”- Работник
5.82Kviews

Сојузот на синдикатикте на Македонија, ССМ, смета дека зголемувањето на минималната плата на 15.401 денар што ќе се случи со усогласувањето во март, односно за 446 денари, не е доволно.

Според првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, со оглед на големите трошоци што македонскиот работник ги имал за лечење од ковид 19, кои изнесуваат минимум 6.000 денари, минималната плата треба да се зголеми на најмалку 16.976 денари.

Еве што пишуваат од синдикатот во своето најновио соопштение. 

„Според член 4 во Службен весник на Република Македонија, исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година со: една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Македонија, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Пресметките на ССМ покажуваат дека согласно Критериумите за УСОГЛАСУВАЊЕ на минималната плата во март 2021, Минималната плата треба да се усогласи за 3,17 отсто.

Минималната нето плата сега изнесува 14.955 денари, зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми, и мимималната плата од 14.934 денари се зголеми за 21 денар.

Со ова усогласување, во март 2021 година, нето минималната плата ќе порасне нето за 446 денари (15.401 денар).

Додека бруто минималната плата сега изнесува 21.776 денари и со ова усогласување бруто минималната плата ќе порасне за 690 денари. (22 466 денар).

Просечната нето плата за декември 2020 изнесува 28 294 денари, а Минималната нето плата ќе изнесува 15.401 денари и со минималната плата ќе се покрива 54,43 отсто од просечната плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека ваквото покачување на минималната плата не е доволно, со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од Ковид -19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство.

Од овие причини, апелираме минималната плата да се зголеми во висина од 60 отсто од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16.976 денари“, велат од ССМ.

Дополнително, потсетуваат дека зголемувањето на минималната плата треба да значи и спирално зголемување на останатите плати во сите сектори и дејности за сите работници, а потсетуваат и дека не е законски работодавач да исплаќа плата само во висина на минималната плата на работник, доколку истиот има минат труд, работи во смени, работел прекувремено, работел во празник итн.