Македонија

Министерството за здравство и препорача забрана за јавни собири на Владата

   Време за читање помалку од минута

Министерството за здравство и препорача на Владата да се ограничат масовните јавни собири, според Законот за заразни болести.

Предлогот е доставен до Владата и се очекува на денешната владина седница да се донесе одлука.

Според предлогот, забраната треба да важи една недела, а потоа Министерството дополнително ќе носи одлука за подолго време, ако има потреба. Забраната се однесува на сите јавни собири, и на отворено и во затворен простор. Тоа значи дека ќе се откажат карневалите во Струмица и во Прилеп.