- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Министерство за култура: Во постојан контакт сме со СОНК и СКРМ, за да најдеме заеднички став за Колективниот договор за култура

1.06Kviews

Ја информираме јавноста дека Колективниот договор за култура стапи во сила од 01 јануари 2020 со исклучок на став 61 и 62, со кои се регулираат новите коефициенти, односно платите на работниците во националните и локалните установи од областа на културата, рекоа од Министерството за култура, на барањето на коментар во врска со заклучокот на Владата за пролонгирање на имплементирањето на одредбите за плати до крајот на година, за порталот Работник.

Посочија дека Министерството за култура е во постојан контакт со репрезентативните синдикати, со раководителите на Установите и другите засегнати страни, со цел да се најде заеднички став за Колективниот договор кој беше потпишам од Министерството за култура, СОНК и СКРМ.

Advertisement

„Исто така, се разгледува можноста за почнување со работа на Установите, кои сметаме дека се продуктивни во однос на унапредување на културниот живот на опшестеството“, велат од Министерството за култура.

Вчера, раководството на СОНК одржало средба со Министерството за култура, каде ја искажале својата несогласност со заклучокот од Владата.

Advertisement
Advertisement

Од СОНК посочија дека Владата не би требало да носи заклучок за договор направен помеѓу трите социјални партнери (СОНК, СКРМ и Министерството за култура) и бара да се почитуваат одредбите од Колективниот договор, во спротивно предупреди дека ќе преземе правни лекови.

 

Бобан Илијевски

Advertisement