- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Мобилни екипи се грижат во придатните центри, бројот на бездомници е непознат

Мобилни екипи се грижат во придатните центри - Работник
117views

Екипи од социјални работници на Центарот за социјална работа Скопје и од МВР отстраниле 38 деца на улица во главниот град – во Центар, Аеродром и Карпош, соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која рече дека нема податоци за вкупниот број бездомници зашто оние што се корисници во прифатните центри и во преноќиштата доаѓаат и заминуваат од таму.

– МТСП се грижи за сите ранливи категории, вклучително и за бездомните лица. Во Скопје постои објект Чичино Село во кој тие се сместуваат. Постои прифатен центар каде што доаѓаат да ги користат услугите во период од 24 часа, најчесто за дотур на храна. Тука е вклучен и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Скопје, ги менаџира состојбите и со лицата коишто се сместени во Визбегово, во поранешниот објект на „Ранка Милановиќ“, рече Шахпаска одговарајќи на новинарски прашања во отчетот за 100 дена мандат.

Рече дека мобилни екипи од стручни лица – социјални работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Скопје задно со вработени од МТСП на дневно ниво се грижат и ги посетуваат лицата кои се сместени во прифатните центри или ги користат услугите во овие зимски денови.