МакедонијаПравда

МОФ ќе презентира две истражувања за студентскиот стандард

   Време за читање 1 минута

Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска ќе промовира две истражувања за студентскиот стандард: „Анализа на јавни набавки во студентските домови” и  „Крпен студентски живот – истражување за животниот стандард на станарите во ДСД – Скопје”.

Истражувањето „Крпен студентски живот – истражување за животниот стандард на станарите во ДСД – Скопје” ги адресира прашањата поврзани со корупцијата во студентските домови, начинот на носење одлуки и вклученоста на студентите во истите, како и квалитетот на живот во домовите. Истражувањето „Анализа на јавни набавки во студентските домови”, пак, ги одговара прашањата: колку, во колкава мера и дали се трошат и инвестираат доволно средства од страна на Државниот студентски дом „Скопје” – Скопје, а во врска со квалитетот на домувањето и квалитетот на услугите за студентите во домовите под капа на Државниот студентски дом „Скопје” – Скопје, пишува Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука