- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

МТСП: Мајките да бидат спокојни, породилното отсуство им трае до завршувањето на времените мерки, заштитата на децата ни е приоритет

Петок е неработен ден - Работник
364views

Мајките кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни – се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа. За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата на Република Северна Македонија донесена  Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за  отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство  и посвојување, да продолжи да се исплаќа  до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.

Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Advertisement

Одлуката за времетраењето и завршувањето на времените мерки ја носи Владата на Република Северна Македонија, по заклучоци од Главен координативен кризен штаб кој одлучува според препораките на Комисијата за заразни болести.

Владата на Република Северна  Македонија во континуитет ги следи состојбите и потребите кои се во интерес и заштита на децата за што благовремено ќе продолжи да ја информира јавноста.

Advertisement

Министерството за труд и социјална политика укажува дека наш врвен приоритет е грижита и заштитата на децата. Градејќи социјално праведно општество, обезбедуваме еднаков третман на сите деца. Се грижиме подеднакво за сите.

Advertisement