МакедонијаСиндикат

НАкС бара усвојување на законот што овозможува зголемување на платите во високото образование

   Време за читање 1 минута

Независниот академски синдикат (НАкС) испратил допис до Собранието на Република Македонија со кој бара да се усвои Законот за дополнување на Законот за исплата на платите во РМ по скратена постапка, со што, како што велат од Синдикатот, ќе се реализира најавеното покачување на платите во високото образование и наука пред распуштање на Собранието.

-Потсетуваме дека на својата 131-ва седница, Собранието го усвои предлогот за донесување на овој закон, но за жал, претседателот на соодветната комисија, Влатко Ѓорчев, нема закажано расправа за овој закон. Сметаме дека покачувањето од 10 отсто што е предвидено со овој кој го предвидува овој закон е значајно за унапредување на позицијата на академската заедница, а за таа цел веќе се обезбедени средства од Буџетот на РМ за 2020 година, се вели во денешното соопштение од НАкС, пишува Макпрес.

Целосниот текст прочитајте го тука