МакедонијаПравдаСветот на работникот

Намерно или случајно: Бирократски пропуст може да го остави Јовановски без работа- Агенцијата за вработување немала пари

Јовановски - Работник
86views

Намерно или случајно, бирократските пропусти може да го остават Горан Јовановски без работа. Агенцијата за вработување нема пари да го врати назад на неговото работно, откако такво решение донесе министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. Иако Јовановски на писмено има дека треба да се врати на своето старо работно место, од Агенцијата за вработување се правдаат, дека засега не бил вратен бидејќи не било во прашање мирување на работниот однос, туку бил одјавен.

-Агенцијата за вработување нема обезбедено финансиска согласност од Министерство за финансии за пополнување на работно место преку мобилност со распоредување согласно Законот за административни службеници. Предметот детално ќе се разгледа и  за истото се прават консултации со надлежни институции, а  со цел постапување согласно позитивните законски прописи, по што  Агенцијата за вработување откако ќе донесе одлука за постапување ќе го извести господин Горан Јовановски, велат од Агенцијата за вработување.

Горан Јовановски сепак вели дека причините се други и се од лична природа. Пред камерата на Алфа кажа дека и во минативе три години неколку пати бил на дисциплинска, а имало и обиди за негово отпуштање.

-Имам постапка поведено крајот на 2019, поточно тужба за психичко вознемирување. Мотивот е од таа страна затоа што она што се случуваше во изминативе три години го бележев. Сето она нечовечно однесување со вработените, во конкретниот случај со мене, сето тоа го бележев. Сето тоа го внесов во тужбата, вели Јовановски.

Јовановски вели односот бил таков и кон други негови колеги.

-Колега кој што е еден од најдобрите административни службеници и истиот е распореден на 170 километри, живее во Охрид, треба да патува во Скопје. Тоа е парадоксот што и други институции го имаат потврдено решението за распоредување на колегата од 170 километри во еден правец. Таков е случајот со колега од Кавадарци кој што треба да патува до Скопје, исто и од Македонски Брод, вели Јовановски.

Горан вели дека директорката Билјана Јовановска, дури не сакала ниту да се види со својот вработен, а комуникацијата се одвивала преку портирот и нејзиниот шофер.

Извор: Алфа.мк