ПравдаСветот на работникот

Нападнато обезбедувањето во Управа за матични книги

   Време за читање помалку од минута

На 05.05.2020 во 15.33 часот во СВР Скопје, С.Н.(47) од Скопје пријавила дека околу 13.40 часот, додека извршувала работни задачи како обезбедување во Управа за матични книги на ул.„Кеј 13 Ноември“, била физички нападната од едно лице. С.Н. била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.