ПравдаСветот на работникот

Настанува време на промени

221views

Фејсбук статус на проф. д-р Лазар Јовевски:

Еден неделен попладневен раговор – Време на промени

Денес сакав да ви објавам уште едно видео за работните односи и мерките на Владата, но сепак, се одлучив за нешто поинкаво. Денес е недела, ден во карантин и полициски час. Ден кога најчесто и кога сме на работа го користиме како ден за седмичен одмор. Но, ова е убав ден, впрочем секој ден може да е убав, дури и кога сме во карантин. Еве зошто!? Најнапред, економиите во светот ќе почнат да се рестартираат од средината на мај, работниците ќе почнат да се враќаат на работа, некои нема, но сепак работите ќе тргнат на подобро глобално и животот ќе почне повторно да влегува во големата динамика и рутина. Затоа, додека сме дома, да го искористиме времето креативно и продуктивно. Дали зневте дека најголемите умови на светот во различни научни области, како и писатели и уметници биле исклучително креативни за време на изолација, како на пр. Исак Њутн? Значи, ова е време за креативност, ова е време да посветиме внимание на нашите блиски, на семејството, на нашите брачни партнери, на децата, да играме и да се забавуваме. Бидејќи грижејќи се нема да му придадеме ниту еден лакт на нашиот раст, и доволни му се денешните грижи на овој ден, бидејќи утре е нов ден. Треба најнапред да бараме нашите срца да се исполнат со љубов, радост, мир и сочуствителност. Другите работи ќе дојдат на свое место во свое време! Да го искористиме ова време за добро, за преиспитување и за поттик кон нови почетоци и проекти. Да имаме визија и идни цели!.
Па така, драги пријатели и непријатели, на сите ви посакувам благословено и убаво неделно попладне и бидете во добро расположение!