ЗанимливостиНаука

Научници го пронајдоа најчистиот воздух во светот

97views

Научници од Универзитетот на Колорадо, веруваат дека го пронашле најчистиот воздух во светот, без честички произведени од човечка активност. Подрачјето се наоѓа над Јужниот Океан околу Антарктикот.

Во првиот научен труд за биоаеросолниот состав на тој океан, истражувачите од Универзитетот откриваат атмосферска област што едноставно не е чепната од човекот.

Времето и климата се тесно поврзани и го поврзуваат секој дел од светот. Климата се менува брзо како резултат на човековите активности, па научниците и истражувачите веќе некое време се трудат да најдат катче на Земјата што не е зафатено од луѓето.

Тоа се наоѓа кај воздухот од граничниот слој којшто ги храни долните облаци над Јужниот Океан. Таму нема аеросолни честички создадени со човечка активност, како што е горење фосилни горива, садење земјоделски култури, производство на ѓубрива, отпадни води, или пак, сообраќајот.

Извор: Лидер