Нашата крв можеби доаѓа од досега непознати извори, велат научниците

Нашето телот е толку комплицирано што можат да не изненадат и неговите најважни и добро проучени делови. На пример, крвта кај цицачите може да има не само еден, туку два вида клеточно потекло.

Историски гледано, луѓето верувале дека најголемиот дел од нашата крв потекнува од многу малиот број на клетки кои на крајот стануваат крвни матични клетки, познати како хематопеотски матични клетки, рекол клеточниот биолог Фернандо Камарго од универзитетот Харвард.

Се изненадивме кога пројнадовме друга група на клетки кои не потекнуваат од матичните. Тие го сочинуваат поголемиот дел од крвта во феталниот живот до младата возраст, а потоа постепено започнуваат да се намалуваат. Тие клетки се познати како ембрионални мултипотентни прогенитори (eMPP), додал тој.

Хематопетоските матични клетки настануваат од клетките кои ги обложуваат артериите. Претходно се сметало дека eMPP во некој мометн се одвојуваат од хематеопетските матични клетки.

Извор на имунолошките клетки

Користејќи ја неодамна развиената стратегија на генетско кодирање, биомедицинарот Сачин Пател од универзитетот Харвард и неговите колеги го следеле раздвојувањето на клетките и воочиле дека хематоапетските матични клетки и eMPP произлегуваат од истата подлога, пишува Science Alert.

Вметнале делови на ДНК секвенци, кои лесно можат да се детектираат, во геномот на клетките на стаорци кои се пренесувале на нивните клеточни потомци. Тоа им овозможило да го следат потеклото на сите целни клетки, откривајќи дека eMPP клетките се одговорни за поголемиот дел на лимфиодни клетки кај младите стаорци.

Изгледа дека eMPP клетките се извор на многу имунолошки крвни клетки, вклучувајќи ги и белите крвни клетки (Б и Т). Додека хематеопетските матични клетки исто така можат да произведат имунолошки клетки, тие тоа го прават на многу поограничен начин. Повеќе се сколни кон создавање на клетки кои ги сочинуваат компонените потребни за згрутчување на крвта.

Се обидовме да ги разбереме последиците на мутацијата кои доведуваат до леукемија гледајќи ги нивните ефекти врз крвните матични клетки и eMPP кај стаорците. Сакаме да видиме дали леукемиите кои настануваат од овие различни клетки сами по себе се различни, рекол Камараго.

Повеќе прочитајте на Index.hr

Фото: Shutterstock